веќава | несв.
веќавачка | ж.
веќе | прил.
Укажува на моментот на извршување на дејството – дека е извршено или дека е извршено пред очекувањето. Веќе сум готов. Веќе ја прочитав книгата. Зар веќе се вратил?
вжарен | прид.
Што е усвитен, загреан до состојба на жар. Вжарено железо. Вжарена печка.
вжари | св.
Усвити, загрее, доведе до состојба на жар. Ковачот го вжари железото и почна да го кове.
вжеже | св.
Станува жежок до усвитеност. Го вжежа каменот и во крпа го стави на болното место да го топли.
вжештен | прид.
Што е многу загреан. Вжештената печка татнеше во малото сопче. Со вжештено железо го бележеа добитокот.
вжешти | св.
Загрее на висока температура. Јулското сонце ги беше вжештило асфалтните улици.
вживее се | св.
Тој имал способност да се вживее во раскажувањето.
вживи се | св.
Се внесе, вникне во нешто со соживување. Тој се вживи во карактерите на ликовите што ги креирал.