вивне | св.
За оган ‒ пламне, силно се разгори. Огнот вивна наеднаш. По бомбардирањето во градот вивнаа пожари.
вигвам | м.
Шатор, колиба на северноамериканските Индијанци.
вигна | ж.
Ковачка, железарска работилница. Влезе во вигната да потклепа палечник.
вид 1 | м.
Едно од петте сетила, чијшто орган се очите; способност на окото да реагира на светлината, да го восприема надворешниот свет. Му ослабе видот. Го загуби видот на едното око.
вид 2 | м.
Подраздел во систематиката кој влегува во системот на повисокиот раздел ‒ род; тип. Вид растение.
вида | несв.
Лекува. Старата видаше од секакви болести со баење и тревки.
видар | м.
Човек што лекува со народски лекови.
видвиделија | ж.
Многу, премногу далеку. Сега сме навистина во видвиделија, преку сино море.
виделен | прид.
Што е сјаен, светол. Ваква виделна ноќ со месечина одамна немало.
виделина | ж.
Светлина. Утринската виделина го проретчуваше мракот над полето. Р Изнесе на виделина ‒ обелодени некоја тајна.