Виентијан | м.
Главен град на Лаос.
Виетнам | м.
Држава во Азија.
вижди | несв.
виза | ж.
Дозвола од странска влада за престој, влез или за премин низ нејзината земја. Влезна виза. Транзитна виза.
византиски | прид.
Што се однесува на Византиското, односно на Источноримското Царство. Византиска некропола. Византиски стил.
Византија | ж.
Средновековна држава произлезена од Источното Римско Царство.
византолог | м.
Научник што се занимава со византологија.
византологија | ж.
Наука што се занимава со проучување на духовната и материјалната култура на Византија.
визба | ж.
Просторија во куќа што се наоѓа под нивото на приземјето; подрум.
визглавје | ср.
Перница, место на кое се става главата при спиење. Камен клала визглавје / со трева се покрила.