видрест | прид.

Што има изглед на видра.

видрин | прид.

Што е од видра. Носеше кабаница со околувратник од видрино крзно.

видувална | ж.

Просторија во која луѓето може да се видат. Затворската видувална беше речиси празна.

видувачка | ж.

Видување, гледање, средба. Да бидеме со добра мисла, а видувачка пак има.

вие 1 | несв.

Прави да биде криво, свиткува, свива. витка Акробатот виеше железни прачки со голи раце.

вие 2 | несв.

За животно (волк, пес) ‒ издава силен, продолжителен глас. Кучињата виеја надвор. Волци вијат некаде во планините.

вие | зам.

Лична заменка за второ лице множина; се употребува за обраќање кон множество лица или кон едно лице како претставник на множеството. Ако сакате, и вие дојдете со нас. Вие прво договорете се, па кажи ни што ви треба.

виеж | м.

Виење, завивање на волк или куче; Виеж на волчица.

Виена | ж.

Главен град на Австрија.