визен | прид.

Што се однесува на виза. Визен режим.

Визигот | м.

Припадник на древно германско племе.

визионер | м.

Тој што може да ги предвиди случувањата, видовит човек. Тој е визионер, човек на иднината.

визионерство | ср.

Способност да се гледа во иднината. Неговото визионерство се преточува во реалност.

визир | м.

(истор.) Дел од шлемот што се става преку очите, подвижна решетка, штитник. Ги спуштија визирите и тргнаа во напад.

визира 1 | св. и несв.

Стави, става виза на пасош, на патна исправа. Нашите пасоши ги визира грчкиот конзулат во Скопје.

визира 2 | св. и несв.

Насочува, управува поглед во определен предмет, зема на око, опсервира определен предмет или појава. Уметникот го визираше со моливот својот модел. Астрономите (со најмодерни инструменти) го визираа соѕвездието Лира.

визита | ж.

Посета, одење на гости. Тој ги покани на визита, на кафе. Вечер одеше во проштална визита кај вујковците.

визитација | ж.

Посета, смотра, преглед, особено на состојбата во која се наоѓа некоја установа. Дошол еднаш во селото и владиката од Битола во канонска визитација.

визитен | прид.

Што е наменет за визити, што се однесува на визита. Ги прими во визитната одаја. Визитната картичка ја предаде на жената што му ја отвори вратата.