виличест | прид.
Што е во облик на вила.
виличи се | несв.
Се криви, ја криви устата во знак на потсмев, исмејување и сл. Детето ја развлекува устата, ја виличи.
вилнее | несв.
Беснее, лудува; се пројавува во голема сила Водата на дотечената река вилнееше меѓу карпестите брегови. Војната вилнееше околу нас.
Вилнус | м.
Главен град на Литванија.
вилјак | м.
Стог сено.
виме | ср.
Млечен жлездест орган кај некои домашни животни (крава, овца, коза и др.), особено преживари, кој се состои од две до четири млечни жлезди обвиени со кожа. Добитокот се враќа од пасење со полни вимиња.
вимест | прид.
Што личи или има форма на виме.
вина | ж.
Престап, грешка на поединец или група во однос на општоприфатените норми. Тој ја призна својата вина. Негова вина е што дошло до експлозија во погонот.
винар | м.
Производител или трговец на вино. Тој е најпознатиот винар во нашиот крај.
винарина | ж.
Данок или такса за вино што во времето на Турското Царство се плаќал за произведеното вино, а се плаќал со вино.