вила 3 | ж.
Женско митско суштество со неверојатна убавина, со натприродна моќ; самовила. Дедо ни раскажуваше приказни за вили и секакви други чуда.
Вила Зора | ж.
Древен град во Источна Македонија.
вилает | м.
(истор.) Област во Турското Царство со која управувал валија. Битолски вилает.
вилаетлија | м.
Роднокраец, земјак. Таму пак се насобраа околу нив нови вилаетлии, прилепчани, велешани, тиквешани и други од Македонија.
вилаетски | прид.
Што се однесува на вилает. Бил затворен во вилаетскиот затвор во Битола. Вилаетската управа се грижеше за нив.
вилар | м.
Тој што прави вили.
вилест | прид.
Што има форма на вила1.
вилин | прид.
Што припаѓа, што се однесува на вила3.
вилица | ж.
Челусна коска во која се враснати забите. Долан вилица. Горна вилица. Беззаба вилица. Ги стегна вилиците до болка.
виличен | прид.
Што се однесува на вилица. Вилична коска.