вир | м.

Длабоко место во река каде што слабо истекува водата и прави вртежи, витли. Вирот што го направивме во реката не беше подлабок од мишките. Од железничкиот мост надолу почнуваа опасни вирови.

вирее | несв.

За растение ‒ расте, успева. Во нашата држава виреат некои индустриски билки. Борот вирее до определена надморска височина.

вири | несв.

Собира вода или друга течност во вид на вир, прави вир. Под карпава вири.

вирман | м.

Документ, образец за безготовинско плаќање меѓу субјектите во платниот промет.

вирмански | прид.

Што се однесува на вирман, плаќање со вирман.

вироза | ж.

Болест предизвикана од вирус. Ова е време на вирози и настинки.

виртуелен | прид.

Измислен, невистинит, што го има само како можност. што може да се пројави. Виртуелен свет.

виртуоз | м.

Врвен репродуктивен уметник, во прв ред музичар, кој совршено владе со техниката на својата уметност. Виртуоз на виолина. Виртуоз на хармоника.

виртуозен | прид.

Совршено вешт, технички совршен, извонреден. Виртуозна изведба.

вирус | м.

Микроорганизам поситен од бактерија што може да предизвика заразна болест. По навлегувањето на вирусот во крвта, се јавува висока температура.