вирусен | прид.
Што се однесува на вирус, што е предизвикан од вирус. Вирусна инфекција на дишните патишта.
виршла | ж.
Вид тенок колбас од фино посно месо.
вирџинија | ж.
Тип тутун со широк лист и послаба ароматичност.
Вирџинија | ж.
Сојузна држава во САД.
вис | м.
Висина, просторот далеку над земјината површина. Капите ги фрливме во вис.
висечки | прид.
Што виси, што е поставено во положба да виси. Висечки мост. Висечки кујнски елементи.
виси | несв.
Стои закачен, обесен на нешто без потпора од долната страна. По чардаците висеа низалки со риби. Две слики висеа на ѕидот. На ластарот висеше еден прекрасен голем грозд црно грозје.
висина | ж.
Вертикална димензија, вертикално растојание од подножјето на некое тело до неговиот врв.
виска | несв.
Издава висок и остар глас, обично за коњ; Жените плачеа, коњите вискаа пред жалната глетка на Мечкин Камен.
виски | ср.
Алкохолен пијалак што се прави со ферментација на жито. Тој правеше евтино виски од пченка.