виска | несв.

Издава висок и остар глас, обично за коњ; Жените плачеа, коњите вискаа пред жалната глетка на Мечкин Камен.

виски | ср.

Алкохолен пијалак што се прави со ферментација на жито. Тој правеше евтино виски од пченка.

вискоза | ж.

Густа леплива маса што се добива со преработка на целулоза по хемиски пат од која се изработуваат вештачки влакна.

вискозен | прид.

Што се однесува на вискоза, што е направен од вискоза, леплив. Вискозна маса.

вискозитет | м.

Отпорот што го отежнува движењето на честичките низ некоја течност.

Висла | ж.

Река во Полска.

висне 1 | св.

Се закачи, се обеси на нешто без да има потпора од долната страна. Таа висна онесвестена на неговиот врат.

висне 2 | св.

Коњот нешто насети, се вознемири и висна.

висок | прид.

а) Долг во вертикален правец, што е со голем раст, што има голема раз–далечина оддолу нагоре, низок. Тој е повисок од сите во класот. Највисока зграда во градот. Високи балкони. Околу куќата имаше висок плет. б) Што има димензии по вертикала поголеми од просечните. Високо чело. Високи топуци.Висок раст. в) Што има точно одредена димензија, изразена со мерна единица. Таванот е висок 2.70. Кошаркарот беше висок 2 метра и 5 сантиметри. Карпата беше висока преку сто метри.

висок | м.

Ѕидарски алат во форма на конус за определување вертикала при ѕидањето.