високосен | прид.

Само во изразот: Високосна година ‒ престапна година.

високоуважен | прид.

Што е многу уважен, почитуван. Високоуважениот господин Трајковски.

високоучен | прид.

Што е многу учен.

високофреквентен | прид.

Што е со висока фреквенција. Тоа е високофреквентна радиостаница која емитува програма за далечните, прекуморски земји. Високофреквентен радиопредавател.

високошколски | прид.

Што се однесува на високото школство, т.е. образование. Високошколски установи.

висорамнина | м.

Рамнина или благо брановита област, со надморска висина над 200, рамнина во планински крај, плато. Висорамнината Витачево е најголема висорамнина во нашата земја.

висост | ж.

Со додатокот Ваша, при обраќање кон личност од висок ранг. Ваша висост.

височество | ср.

Титула на член на царско, на кралско семејство, со дополнување Ваше, негово и сл. при обраќање од почит. Негово царско височество.

височина | ж.

Висина воопшто, висина како вертикална димензија, висина Падна од неколку метри височина.