виртуозен | прид.

Совршено вешт, технички совршен, извонреден. Виртуозна изведба.

вирус | м.

Микроорганизам поситен од бактерија што може да предизвика заразна болест. По навлегувањето на вирусот во крвта, се јавува висока температура.

вирусен | прид.

Што се однесува на вирус, што е предизвикан од вирус. Вирусна инфекција на дишните патишта.

вирџинија | ж.

Тип тутун со широк лист и послаба ароматичност.

Вирџинија | ж.

Сојузна држава во САД.

виршла | ж.

Вид тенок колбас од фино посно месо.

вис | м.

Висина, просторот далеку над земјината површина. Капите ги фрливме во вис.

висечки | прид.

Што виси, што е поставено во положба да виси. Висечки мост. Висечки кујнски елементи.

виси | несв.

Стои закачен, обесен на нешто без потпора од долната страна. По чардаците висеа низалки со риби. Две слики висеа на ѕидот. На ластарот висеше еден прекрасен голем грозд црно грозје.

висина | ж.

Вертикална димензија, вертикално растојание од подножјето на некое тело до неговиот врв.