вистина | мод.

За потврдување на кажаното. Вистина, така се случи.

вистина | ж.

Тоа што одговара на стварноста, тоа што е реален приказ на објективната стварност, Тој им ја кажа вистината на селаните.

вистинит | прид.

Што се заснова на вистина, што ја содржи вистината. Овие приказни во основата имаат некој вистинит настан.

вистинољубив | прид.

Што ја сака вистината, што се бори за неа.

вистински | прид.

Што постои, што е реален; лажен, измислен. Вистинско злато. Вистинска случка. Вистинско семејство. Вистински бисери.

висулец | м.

Тоа што е обесено, што виси. На таванот имаше еден лустер со стаклени висулци.

вит | прид.

Што е тенок, слаб, а висок. Вита ела. Вита става. Вити оморики. Девојката одеше пред мене висока, тенка, вита.

витален | прид.

Што е полн со живот, отпорен, животоспособен. Витален старец.

витамин | м.

Органско соединение неопходно за нормално функционирање на организмот.

Витачево | ср.

Висорамнина во Македонија.