вишна | ж.

Овошно дрво слично на цреша, со темноцрвен киселкаст плод; Prunus cerasus.

вишнов | прид.

Што се однесува на вишна. Вишнова градина. Вишнова боја. Вишново дрво.

вишновка | ж.

Ракија или ликер од вишни. Старата подготвуваше вишновка секоја година.

вишок | м.

Количество или износ што преостанува, што е повеќе од произведеното или од потребното. Вишокот жито го продававме на пазар.

вишти | несв.

Таа ноќ коњите во плевната уплашено виштеа.

виѓа | св.

виѓава | несв.

Гледа, опфаќа со сетилото за вид. На едното око виѓава по малку.

виј | м.

Завивање;

вијадукт | м.

Мост над долина, пат, мочурливо место, обично со повеќе лакови.

вијак | м.

Скопен овен.