виљушка | ж.

Дел од приборот за јадење, со запци, што служи за набоднување на храната. Со виљушката набодна парче сирење.

виљушкар | м.

Возило што служи за кревање и пренос на товар во магацини и сл.

вињак | м.

Вински дестилат, ракија добиена со печење, варење на вино, вид коњак.

вињета | ж.

Украс на почетокот или на крајот од текстот, првобитно со мотив на винова лоза, орнамент. Тој црташе вињетки на секаде.

вкалапен | прид.

Што е во некој, според некој калап, што е ставен во калап. Мозокот му е вкалапен во бирократската шема.

вкалапи | св.

Стави во калап.

вкаменет | прид.

Што станал како камен, што е како камен; Вкаменети форми.

вкамени | св.

Стане како камен, претвори во камен; Мразот ги вкамени капките од стреите.

вклештен | прид.

Што е како фатен со клешти, што е доведен во безизлезна положба. Се најде вклешен во неговите канџи.

вклешти | св.

Фати цврсто да не може да мрда, да се движи, како фатен со клешти, приклешти. Четири раце го вклештија војникот и го ничкосаа. Мечката беше вклештена со задната нога во стапицата.