вихрогон | прид.
Брзоног, што трча како виор. Вихрогон коњ.
виц | м.
Шега, досетка, анегдота, смешна мала приказна. Политички виц. Тој секогаш раскажуваше вицови.
вице- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење заменик, помошник. вицеадмирал, вицегувернер, вицеканцелар, вицеконзул и вицеконсул, вицепремиер, вицепремиерка, вицешампион.
виш | прид.
Степен на образование меѓу средно и високо. Виша школа. Више образование.
вишен | прид.
Што е висок. Вишен бор. Вишно небо.
виши | несв.
Расте во височина. Крушата виши како луда.
вишина | ж.
Висина, височина. Се вивна во вишина без крај. Погледот го крена во лазурните вишини.
вишинка | ж.
Ритче, издигнато место во однос на околината. Селото се наоѓаше на една блага вишинка опкружено со овоштарници и лозја.
вишист | м.
Ученик, студент на виша школа.
вишлест | прид.
Што е висок, извишен. Вишлест човек. Една вишлеста сенка помина низ дворот.