вкорави | св.
Направи да биде како кора. Мразот ги вкорави мокрите алишта.
вкоренет | прид.
Што има оформено корен. Вкоренетите растенија поднесуваат и пониски температури.
вкорени | св.
Цврсто всади, зацврсти нешто (во животот, во свеста, во однесувањето и сл.). Вкорени навик. Вкорени страв. Вкорени верување.
вкоренилиште | ср.
Место каде што се садат калемите за формирање на резници за винова лоза.
вкоричи | св.
Врзе во корици, стави напишан, отпечатен материјал во корици. Ја вкоричи дипломската работа.
вкотви | св.
Спушти, фрли котва, за пловен објект, брод и сл. Екипажот го вкотви воениот брод на отворено море.
вкочанет | прид.
Здрвен, смрзнат, неподвижен. Вкочането тело. Вкочанет поглед.
вкочани | св.
Направи некого или нешто да стане здрвен, стврднат, смрзнат, неподвижен, вкочанет. Големиот студ во ноќта беше го вкочанил пијаниот паднат во снегот. Студот му ги вкочани прстите на стражарот.
вкрвавен | прид.
Што е со крв, облиен со крв. Вкрвавени белки (очи).
вкрвави | св.
Направи некого или нешто да биде со крв, во крв. Го вкрвави од тепање.