вкоричи | св.

Врзе во корици, стави напишан, отпечатен материјал во корици. Ја вкоричи дипломската работа.

вкотви | св.

Спушти, фрли котва, за пловен објект, брод и сл. Екипажот го вкотви воениот брод на отворено море.

вкочанет | прид.

Здрвен, смрзнат, неподвижен. Вкочането тело. Вкочанет поглед.

вкочани | св.

Направи некого или нешто да стане здрвен, стврднат, смрзнат, неподвижен, вкочанет. Големиот студ во ноќта беше го вкочанил пијаниот паднат во снегот. Студот му ги вкочани прстите на стражарот.

вкрвавен | прид.

Што е со крв, облиен со крв. Вкрвавени белки (очи).

вкрвави | св.

Направи некого или нешто да биде со крв, во крв. Го вкрвави од тепање.

вкрсти | св.

Стави нешто, врзе во форма на крст.

вкуќи | прил.

Дома, во куќата. Да влеземе вкуќи.

вкуп | прил.

Заедно, на куп, одеднаш.

вкупен | прид.

Што ги опфаќа сите делови, сите елементи, потполн, целосен. Вкупен износ на средства. Вкупен приход.