вклопен | прид.
Што е во склоп, во согласност со нешто друго.
вклопи | св.
Стави, состави, намести во склоп, едно во друго. Тој ги вклопи цевките една во друга.
вклучен | прид.
Што е внесен во определено множество. Учениците вклучени во оваа програма успешно ја совладуваат.
вклучи | св.
Внесе, приопшти нешто во определено множество. Неколку од нашите театри ја вклучија во својот репертоар таа драма.
вклучително | прил.
Вклучувајќи; заедно со нешто во некаква целина.
вкове | св.
Со ковење втера, закове клинец и сл. во тврд предмет.
вкожурен | прид.
Што е во кожурец, што добил кожурец. Вкожурените ларви се претвораат во кокони или кукли.
вкожури се | св.
Добие кожурец.
вкопа | св.
Зарие, стави, намести нешто со долниот дел во земјата или во друга маса. Војниците ги вкопаа топовите.
вкоравен | прид.
Што фатил кора, обвивка. Вкоравена кал.