вкус | м.

Еден од петте надворешни осети што се прима преку јазикот и внатрешноста на устата. Сладок вкус. Горчлив вкус.

вкусен | прид.

Што има пријатен вкус. Вкусно јадење.

вкуси | св.

Касне или пивне, проба, обиде храна, пијалак. Ти не си вкусил вода од планински извор.

Влав | м.

Припадник на етничка група на Балканскиот Полуостров.

влага 1 | несв.

влага 2 | несв.

влага | ж.

Мали количества вода во нешто, влажност. Влага во атмосферата. Мирис на влага. Има влага.

влада | ж.

Највисок колективен орган на извршната власт на една држава. Коалициона влада. Марионетска влада.

владар | м.

Врховен поглавар во монархискиот систем на владеење, господар, монарх, крал, цар и сл.

владее | несв.

а) Држи под своја власт; управува, господари. Неколку векови овде владееле туѓинци. б) Управува некого или нешто. Ја владее државата. Сака да го владее сиот имот.