владин | прид.
Што припаѓа, што е на располагање на владата, што потекнува од владата. Владина политика. Владина одлука. Владини фондови.
владичество | ср.
Служба и достоинство на владиката.
владичи | несв.
Поставува за владика, ракоположува за владика.
владичица | ж.
Владарка, жена на владар.
владички | прид.
Што му припаѓа на владиката, што се однесува на владика. Владички одежди. Владички стол.
владичнина | ж.
Такса што му се плаќала на владиката. Погрижи се владичнината побргу да ја собереш.
влажен | прид.
Што има во себе влага. Влажен воздух. Влажен бран. Влажна соба. Влажна земја.
влажи | несв.
Прави да биде влажно, да има влага. Тој со јазикот си ги влажеше исушените усни.
влажни | несв.
влажникав | прид.
Што е малку влажен; Влажникава земја.