влажнина | ж.

Состојба на тоа што е влажно; влажност.

влак | м.

Вид брана за влачење нива.

влакнав | прид.

Што е обрастен со влакна,

влакнен | прид.

Што е од влакна.

влакнест | прид.

Што е обрастен со многу влакна. Влакнести гради. Кучката го мамеше девојчето со својот влакнест опаш.

влакно | ср.

Израсток во форма на тенка нишка на некои делови кај човекот и жи–вотните. На главата немаше ни влакно коса. Коњско влакно.

влакноса (се) | св.

Обрасне во влакна, се покрие со влакна. Целиот влакносал.

влас | м.

Предено, волна или друга материја, дел од кадела од која со предење се добива нишка, повеќе влакна заедно.

власеник | м.

Дел од народната носија, горна облека од шајак, без ракави.

власеница | ж.

Груба развласена облека од козина, облека што ја носеле калуѓерите.