влакнест | прид.
Што е обрастен со многу влакна. Влакнести гради. Кучката го мамеше девојчето со својот влакнест опаш.
влакно | ср.
Израсток во форма на тенка нишка на некои делови кај човекот и жи–вотните. На главата немаше ни влакно коса. Коњско влакно.
влакноса (се) | св.
Обрасне во влакна, се покрие со влакна. Целиот влакносал.
влас | м.
Предено, волна или друга материја, дел од кадела од која со предење се добива нишка, повеќе влакна заедно.
власеник | м.
Дел од народната носија, горна облека од шајак, без ракави.
власеница | ж.
Груба развласена облека од козина, облека што ја носеле калуѓерите.
власест | прид.
Што има долги влакна, што е развласен.
власи се | несв.
(арх.) Влачи волна рачно на гребни.
власт | ж.
Право и можност да се повела некој или нешто, моќ, сила, авторитет. Има власт врз (над) некого.
властелин | м.
Средновековен господар, земјопоседник, феудалец.