влачарница | ж.

Работилница во која се влачи волна. Старата влачарница повеќе не работеше.

влачи | несв.

а) Чешла волна (со гребни). Влачи волна. Селанката сè правела сама, влачела, предела и ја бојосувала волната. б) Обработува волна во влачарница.

влачило | ср.

Алатка со железни запци за влачење волна, лен и сл.; гребен. Брзо научи како да го држи влачилото.

влева | несв.

Сипува, тура течност во нешто.

влево | прил.

По левата страна, на лево; Скршнаа влево од патот.

влегува | несв.

вледени | св.

Се претвори во лед, замрзне.

влее | св.

Внесе, исполни со некакво чувство, направи некој да биде обземен од некое чувство или мисла; Тој му влеа храброст со своето однесување.

влез | м.

а) Место низ кое се влегува во некој објект, или во заграден простор, врата; излез. На влезот имаше натпис со името на фирмата. Пред главниот влез имаше стража.

влезе | св.

Со движење стапи, стигне во внатрешноста на определен затворен, ограничен простор. Марко влезе во собата на директорот. Во тој момент змијата влегуваше во дупката. Возот со пиштење влезе во станицата.