воденичар | м.

Лице што има воденица или работи во воденица. Стар воденичар. Дојдоа двајца воденичари.

воденичаров | прид.

Што му припаѓа на воденичар. Воденичарова капа.

воденичен | прид.

Што се однесува на воденица. Воденично тркало. Воденични камења.

воденка | ж.

Вид есенска круша. Во дворот имаше воденка.

водест | прид.

водечки | прид.

Што води, што е на чело; прв, главен. Водечка идеја. Водечка личност.

води | несв.

а) Придружува некого при одење; покажува пат некому (човек, животно). Го водеше детето за рака. Гостин ти водам. Ги води коњите на пасење. б) Тера, спроведува некого под принуда. Го водат в затвор.

водилка | ж.

Нешто што води, што служи како патоказ. Мислата, како да избега оттаму, му беше водилка. Ѕвездите се мои водилки.

водило | ср.

Јаже на оглав, огламник со кое се води добиток. Ја фати јуницата за водило. Му го затегна водилото на коњот.

водител | м.

водач_1