водач | м.

Лице што придружува, што покажува пат по кој треба да се оди; води_1_2 Водачот добро го познаваше патот. Тргнавме кон градот без водач.

водвиљ | м.

Кратка и лесна театарска игра без голем заплет во која преовладува пеењето. Пее и игра во водвиљ. Сака да гледа водвили.

воден 1 | прид.

Што е придружуван, насочуван од некого во движењето; води_2. Се шетаа подгрбавени старици, водени од внучињата. Поминаа изврзани мажи водени од по тројца сејмени.

воден 2 | прид.

Што е мокар, влажен, накиснат; Водена кошула. Водена земја. Водени камења.

воден 3 | прид.

Што се однесува на вода. Воден спорт. Воден сообраќај. Водна стихија. Водни граници. Водна заедница.

Воден | м.

Град во Егејска Македонија, Грција.

воденест | прид.

водени | несв.

Топи со вода, влажи, мокри некого или нешто. Недосушената јака на кошулата му го воденеше вратот. Утринските магли ги воденеа лисјата на овошките.

воденица | ж.

Објект покрај река во кој се меле пче–ница и друга зрнеста храна, со помош на механизам што го движи силата на водата; мелница. Бегаше од шумот на воденицата. По реката има неколку воденици.