гуга | несв.
За бебе – испушта глас „гу-гу“. Во третиот месец бебето почна да гуга.
гугалче | ср.
Бебе што гуга; Насмеј се, гугалче мамино!
гуганче | ср.
гугне | св.
Испушти глас „гу-гу“.
гугувче | ср.
гугука | несв.
гугукне | св.
гугут | м.
Гугање. Од дрвјата се слушаше гугут на гулаби.
гугути | несв.
гугутка | ж.
Птица слична на гулаб што живее и во населени места; Streptopelia risoria.