гудач | м.
Свирач на гудачки инструмент (виолина, гусла и сл.). Вечерва гудачите имаат свој концерт.
гуде | ср.
гуди | несв.
Свири на гудачки инструмент. Цела недела гудаше по жиците.
гужва | ж.
Алка сплетена од пратје, слама и сл. Девојчињата си ставаа гужви на рацете.
гука | несв.
гукне | св.
гулаб | м.
Дива или питома птица со среден раст, со сива или со бела боја, симбол на мирот; Columba livia.
гулабар | м.
Човек што чува и одгледува гулаби.
гулабарник | м.
Дрвена куќичка или простор ограден со мрежа каде што се чуваат гулаби.
гулабов | прид.
Што се однесува на гулаб, што му припаѓа на гулаб. Гулабово крило. Гулабови перја.