губитник | м.
Човек што губи. Испадна губитник во играта.
гувеален | прид.
Што е за гувеење. Гувеална кошула.
гувеалка | ж.
Венчална кошула во која гувее невестата.
гувее | несв.
Со молчење невестата изразува почит кон свекорот, кон свекрвата и др. На свадбата невестата гувееше.
гувернанта | ж.
Жена што чува и воспитува деца во богато семејство; дадилка. Беше многу тажна кога разбра дека нејзината гувернанта не е повеќе жива.
гувернер | м.
Управник на област, на колонија или на земја. Жителите се подготвуваа да го пречекаат гувернерот.
гувче 1 | ср.
гувче 2 | ср.
гуга | несв.
За бебе – испушта глас „гу-гу“. Во третиот месец бебето почна да гуга.
гугалче | ср.
Бебе што гуга; Насмеј се, гугалче мамино!