гулапче | ср.
гулаш | м.
Унгарско јадење подготвено од парчиња месо и зеленчук.
гума | ж.
(само едн.) Еластична, растеглива материја добиена со вулканизација на суров каучук.
гумарабика | ж.
Течен лепак, растворлив во вода, што се добива од одредени видови тропски багрем.
гумен | м.
Птица слична на кукавица, кукумјавка; Athene noctua.
гумен | прид.
Што е изработен од гума. Гумени чизми.
гумира | св. и несв.
Обложи, обложува со гума.
гумнар | м.
Човек што врши жито. Гумнарите работеа до доцна навечер.
гумнен | прид.
Што се однесува на гумно. Гумнен стожер.
гумниште | ср.