гумно | ср.

Рамно и широко место каде што се врши жито, обично со коњи. Селаните седнаа на гумното за да се одморат и да ручаат.

гуна | ж.

Селска топла горна облека сошиена од шајак. Нашиот селски терзија шиеше селски гуни, џамадани, бечви и др.

гунак | м.

Вид гуна.

гурабија | ж.

Ситно колаче направено од брашно, јајца, шеќер, масло, ореви и др.

гурбет | м.

Одење во туѓа земја за да се заработат пари; печалба. Селаните беа принудени да одат на гурбет поради сиромаштијата.

гурбетлак | м.

Занимавање со гурбет; печалбарство. Цел живот одеше на гурбетлак.

гурбетува | несв.

Работи во туѓа земја. Десет години гурбетуваше.

гурбетчиство | ср.

Гурбет, одење на гурбет.

гурбетчија | м.

Човек што оди на гурбет; печалбар. Помина есента, заминаа гурбетчиите.

гурелав | прид.

Што е со гурелки. Гурелаво дете.