гурелави | несв.
Добива, му се прават гурелки. Настина и очите почнаа да му гурелават.
гурелка | ж.
Засушена слуз од очите. Детето беше немиено, со гурелки во очите.
гурелко | м.
Човек што има гурелки во очите. Цело детство имаше гурелки во очите и сите го викаа гурелко.
гурман | м.
Човек што ужива во богато и одбрано јадење. Како вистински гурман, јадеше само од највкусните јадења.
гусак | м.
Мажјак на гуска;
гусар | м.
Човек што плови со брод и пљачка други бродови, морски разбојник; пират. Оддалеку се гледаше црното знаме на гусарите со мртовечка глава и две прекрстени коски.
гусарство | ср.
Гусарска дејност.
гуска | ж.
Крупна, обично бела птица што плива, се користи за исхрана, а пердувите за изработка на постелнина и др.; Anser. Питома гуска. Дива гуска.
гускар | м.
Човек што чува гуски.
гускарник | м.
Место каде што се чуваат гуски.