гуска | ж.
Крупна, обично бела птица што плива, се користи за исхрана, а пердувите за изработка на постелнина и др.; Anser. Питома гуска. Дива гуска.
гускар | м.
Човек што чува гуски.
гускарник | м.
Место каде што се чуваат гуски.
гускин | прид.
Што потекнува од гуска, што се однесува на гуска. Гускино месо. Гускина паштета. Гускино јајце. Гускини пердуви.
гусла | ж.
Народен гудачки инструмент со една жица на кој се свири со гудало.
гуслар | м.
Човек што свири на гусла. Гусларот свиреше на гуслата и пееше јуначки народни песни.
гусли | несв.
Свири на гусла.
густ | прид.
За течност, за гас, за воздух и сл. – што е од материја чии честици се збиени; неразреден. Густа каша. Густа магла. Густи облаци. Густ чад.
густеж | м.
Густа шума; честар. Се слушна некој шум од блискиот густеж.
густина | ж.
Својство на тоа што е густо. Млекото беше со добра густина. Густина на населението.