галицизам | м.
Особеност на францускиот јазик; збор или јазична конструкција карактеристична за францускиот јазик, а преземена во друг јазик. Во одделни словенски јазици се затврдени извесни галицизми.
Галичица | ж.
Планина во Македонија.
Галичник | м.
Село во Македонија.
галија | ж.
Едреник, голем старовремски брод што плови со помош на весла и на едра. Виде галии со полни едра и со развиорени знамиња.
Галија | ж.
Некогашна област, на територијата на денешна Франција.
галне | св.
Кратко помилува. Само го гална по образот и си замина.
галовен | прид.
Што е нежен, топол. Галовен поглед.
галон | м.
Англиска мерка за течност.
галоп | м.
Вид брзо коњско трчање со скокови. Коњаникот го потера коњот во галоп.
галопира | несв.
За коњ – трча во галоп, трча брзо со скокови. Коњите галопираа.