галош | м.
Плитки обувки за кал и за снег, направени од гума, што може да се носат и преку други обувки.
гама | и.
(муз.) Низа од тонови со интервали.
гамаши | и.
Доколенки изработени од груб материјал (на пр. чоја) или од кожа. Мажите во тоа време носеа на нозете гамаши.
гамбит | м.
Во шахот – вид отворање со жртвување на пион заради побрзо развивање на играта.
Гамбија | ж.
Држава во Африка.
гамен | м.
Некултурно и невоспитано детиште, уличар, хулиган. Во училиште беа вистински гамени.
Гана | ж.
Држава во Африка.
Ганг | м.
Река што тече низ Индија и Бангладеш.
ганглија | ж.
Нервни јазли во централниот нервен систем и во внатрешните органи. Стомачните ганглии ги активираат органите на стомакот и осилото кај пчелите.
ганголи | несв.
Зборува низ нос. Кога зборува, тој ганголи.