ганголив | прид.

Што зборува низ нос. Момчето беше ганголиво.

гангрена | ж.

Гниење, распаѓање на ткивото. Ногата му ја отсекоа поради гангрена.

гангренозен | прид.

Што има гангрена. Гангренозна рана.

гангстер | м.

Член на група, на банда криминалци; криминалец, разбојник, крадец, никаквец, уценувач. Улични гангстери.

ганѕа се | несв.

Се ниша при одење. Старците доаѓаа ганѕајќи се.

ганѕав | прид.

ганѕало | м.

Човек што се ганѕа, влечко. Со ганѕала како тебе работата нема да врви.

ганѕлив | прид.

Што се ниша при одење. Се приближуваше со ганѕлив од.

гаража | ж.

Ограден и покриен простор за чување и за поправка на возила. Подземна гаража. Катни гаражи.

гаражен | прид.

Што се однесува на гаража. Гаражен простор.