гарант | м.
Лице што гарантира сигурност за извршување или за плаќање на нешто. Тој ми беше гарант за кредитот.
гарантен | прид.
Што има својство, карактер на гаранција; што се однесува на гаранција. Гарантно писмо. Гарантен рок.
гарантира | св. и несв.
Даде, дава целосна сигурност за нешто. Му гарантираше дека нема да има проблеми.
гаранција | ж.
Сигурност, осигуреност. Ќе успееме со гаранција. Машината за перење имаше гаранција од една година.
гарван | м.
гаргара | ж.
Плакнење на устата со вода или со лековита течност, при што течноста се држи во устата неколку минути и со помош на издишната струја се бранува на сите страни во усната празнина. Секоја вечер правеше гаргара на устата.
гарда | ж.
Лична стража, одбрани војници што го чуваат претседателот на државата, кралот и сл. Кралска гарда. Почесна гарда.
гарденија | ж.
Вид тропско растение со убави и мирисливи цветови од фамилијата Rubiaceae; Gardenia Florida.
гардероба | ж.
Дел од мебел во којшто се чуваат алишта; плакар, шифоњер, орман, шкаф. Во спалната немаше место да се стави гардероба.
гардеробер | м.
Лице што работи во гардероба. Му го подаде палтото на гардероберот.