гастритис | м.

Воспаление на желудникот.

гастроном | м.

Добар познавач на храната и на начините на нејзиното подготвување.

гастрономија | ж.

Вештина за подготвување разни видови јадења.

гата | несв.

Прорекнува судбина, гледа, бае. Отиде да му гатаат на карти.

гаталец | м.

Човек што гата, јасновидец; врач, бајач, пророк. Беше како гаталец кој чита судбина од дланка.

гатанка | ж.

Краток опис на предмет, појава, суштество со цел да се разоткрие; загатка.

гатер | м.

Машина за сечење, бичење дрва; машинска пила со повеќе сечила.

гатерист | м.

Човек што работи на гатер.

гатка | ж.

Кратка приказна, гатанка, загатка.