ганѕало | м.
Човек што се ганѕа, влечко. Со ганѕала како тебе работата нема да врви.
ганѕа се | несв.
Се ниша при одење. Старците доаѓаа ганѕајќи се.
ганѕлив | прид.
Што се ниша при одење. Се приближуваше со ганѕлив од.
гаража | ж.
Ограден и покриен простор за чување и за поправка на возила. Подземна гаража. Катни гаражи.
гаражен | прид.
Што се однесува на гаража. Гаражен простор.
гарант | м.
Лице што гарантира сигурност за извршување или за плаќање на нешто. Тој ми беше гарант за кредитот.
гарантен | прид.
Што има својство, карактер на гаранција; што се однесува на гаранција. Гарантно писмо. Гарантен рок.
гарантира | св. и несв.
Даде, дава целосна сигурност за нешто. Му гарантираше дека нема да има проблеми.
гаранција | ж.
Сигурност, осигуреност. Ќе успееме со гаранција. Машината за перење имаше гаранција од една година.
гарван | м.