гатне | св.
Загатне, навести. Ги гатна работите и ништо понатаму не кажа.
гаф | м.
Голема грешка; глупава, нетактична, невнимателна постапка. Тогаш направи еден од најголемите гафови во својата политичка кариера.
гачка | ж.
гашник | м.
гаѓа | несв.
Нишани, стрела, пука, цели во мета со огнено оружје или со некаков предмет. Сите наредени, еден по еден, гаѓаа во метата. Го гаѓаа песот со камења.
гаѓач | м.
Човек што гаѓа; стрелач. Тој добро нишанеше и беше најдобар гаѓач од војниците.
гајба | ж.
Амбалажа за транспорт на храна, на пијалаци и др. На плантажните лозја грозјето се собира во дрвени или пластични гајби и потоа се товари.
гајда | ж.
Народен музички дувачки инструмент составен од мев (мешина), најчесто од коза, со три цевки за дување и за свирење. Во поубаво време секогаш можеа да се чујат изнадуени гајди.
гајдар | м.
гајдарка 1 | ж.