Гватемала | ж.
Држава во Средна Америка.
Гвајана | ж.
Држава во Јужна Америка.
Гвинеја | ж.
Држава во Африка.
Гвинеја-Бисао | ж.
Држава во Африка.
Гдањск | м.
Град во Полска.
Гевгелија | ж.
Град во Македонија.
гег | м.
Шега, виц, трик. Беше познат по своите гегови.
гега | ж.
Долг овчарски стап со кука на едниот крај што служи за фаќање на овците. Наместо овчарската гега, тој го зеде јатаганот.
Гега | м.
Припадник на албанско племе.
гега се | несв.
Се ганѕа, се ниша при одење, шанта со нозете. Селанецот си одеше гегајќи се.