гегав | прид.

Што се гега. Гегава жена.

гегало | ср.

Човек што се гега; ганѕало.

гел | м.

Желатинска маса; желе. Гел од алое. Гел за коса.

гелендер | м.

Ограда на скали. Скалите беа дрвени, со бели гелендери.

гем | м.

Во тенисот – дел од сетот.

гемија | ж.

Лаѓа, брод. Беа како робови на гемија.

гемиџија | м.

(арх.) Лаѓар, бродар. Работеше како гемиџија.

ген | м.

Наследна единица којашто ги определува карактеристиките на потомците. Музиката им беше во гените.

генеалогија | ж.

Историја на едно семејство; родослов. Истражувајќи ја генеалогијата на своето семејство, дојде до интересни податоци.

генеза | ж.

Зачеток, настанување, потекло. Таму лежеше генезата на проблемот.