гатанка | ж.
Краток опис на предмет, појава, суштество со цел да се разоткрие; загатка.
гатач | м.
гатер | м.
Машина за сечење, бичење дрва; машинска пила со повеќе сечила.
гатерист | м.
Човек што работи на гатер.
гатка | ж.
Кратка приказна, гатанка, загатка.
гатне | св.
Загатне, навести. Ги гатна работите и ништо понатаму не кажа.
гаф | м.
Голема грешка; глупава, нетактична, невнимателна постапка. Тогаш направи еден од најголемите гафови во својата политичка кариера.
гачка | ж.
гашник | м.
Гвадалупе | м.
Француски островски архипелаг во Карипско Море.