герила | ж.

Мали борбени групи што најчесто дејствуваат од заседи во непристапни предели против, обично, надмоќниот непријател, а избегнуваат отворена борба. Ѝ припаѓаше на герилата.

герилец | м.

Припадник на герила.

Герман | м.

Планина во Македонија.

Герман | м.

Припадник на древна група племиња, од кои потекнува германската група индоевропски народи.

германизам | м.

Особеност на германскиот јазик; збор или јазична конструкција карактеристична за германскиот јазик, а преземена во друг јазик.

Германија | ж.

Држава во Европа.

германист | м.

Тој што се занимава со германистика.

германистика | ж.

Наука што се занимава со проучување на јазиците, книжевноста и историјата на германските народи.

геронтолог | м.

Човек што се занимава со геронтологија.

геронтологија | ж.

Дел од медицината што се занимава со процесот на стареење, со социолошките и со економските проблеми на старите луѓе.