гесло | ср.

Збор или израз што претставува водечка мисла; мото, девиза, парола. Ним гесло им беше слободата на духот.

гест | м.

Движење со телото, обично со раката. Децата ги подадоа рацете со оној професионален гест, со кој се пита леб.

гестаповец | м.

Припадник на тајната полиција Гестапо во времето на владеењето на Хитлер (1933 – 1945).

гестикулација | ж.

Движење со телото, обично со рацете. Кога зборуваше, беше многу интересен поради гестикулациите што ги правеше со рацете.

гестикулира | несв.

Прави гестикулација. Актерот премногу гестикулираше на сцената.

Гетеборг | м.

Град во Шведска.

Гетинген | м.

Град во Германија

гето | ср.

Градска населба населена со Евреи, а во поново време секоја градска населба населена со луѓе дискриминирани на расна, верска или национална основа. Црнечко гето. Еврејско гето.

ги | зам.

Кратка форма за директен објект од личните заменки тие, они; се употребува сама или заедно со долгата форма – нив ги; Ќе ги береме костените. Нив ги чекаме.

гиба | несв.

Допира, пипа. Не гибај ме!