гибач | м.

Човек што гиба.

гибел | ж.

Неприродна смрт, уништување, пропаст. Атомската војна може да биде гибел за целиот свет.

гибелен | прид.

Што е во врска со гибел, што предизвикува гибел. Гибелна постапка.

гибне | св.

Допре, пипне. Тој се згрчи уште повеќе, та лицето, речиси, му ги гибна колената. Нејзината коса му го гибна лицето и тој се наежи.

Гибралтар | м.

Британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров.

Гибралтарски Проток | м.

Морски проток кој ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море, а ги раздвојува Шпанија и Гибралтар во Европа од Мароко во Африка.

гигант | м.

Човек, живо суштество, растение со голем раст, предмет со големи размери. Од другите двајца едниот беше како гигант, а другиот како кепец.

Гиза | ж.

Предградие на Каиро, Египет.

гиздав | прид.

Што е дотеран, накитен. Гиздава жена.

гиздавец | м.

Човек што посветува големо внимание на изгледот, претерано дотеран човек. Изгледаше како прав гиздавец.