гиздало | ср.
Предмети за гиздење. Користеше секакви гиздала.
гизди | несв.
Кити, дотерува, украсува. Го гиздеше девојчето кога одеа в црква.
Гијана | ж.
Област во Јужна Америка
гилотина | ж.
Направа за отсекување глава на осудениците на смрт.
гилотинира | несв.
Отсече, отсекува глава на гилотина. Осудениците беа гилотинирани.
гимназија | ж.
Средно училиште за општо образование. Се запиша во најдобрата гимназија во градот.
гимназијалец | м.
гимназист | м.
Ученик во гимназија. За време на празниците сите гимназисти го напуштаа интернатот.
гимнастика | ж.
Физички вежби што служат за развивање и за одржување на мускулатурата на телото. Секое утро правевме гимнастика.
гимнастицира | несв.
Прави гимнастички вежби; вежба. Гимнастицира за да се загрее.