гимнастичар | м.
Човек што се занимава со гимнастика.
гине | несв.
Губи живот на неприроден начин. Постојано гинеа луѓе, меѓу нив и деца.
гинее | несв.
Губи време, денгуби. Се контеше и гинееше секогаш доцна ноќе.
гинејачка | ж.
Губење време, денгубење. Од гинејачка ниедна работа не завршуваше.
гинеколог | м.
Лекар специјалист по гинекологија. Матичен гинеколог.
гинекологија | ж.
Дел од медицината што ги проучува женските полови и репродуктивни органи, нивните заболувања и нивното лекување.
гинеколошки | прид.
Што се однесува на гинекологија и на гинеколог. Гинеколошки преглед.
гипс | м.
Минерал со бела, жолтеникава или сивкава боја што се употребува во моделарството, во градежништвото, во медицината (хируршки завој) и сл. Ја скрши раката и му ставија гипс.
гипсар | м.
Занаетчија што се занимава со изработка на предмети од гипс.
гипсен | прид.
Што е направен од гипс. Гипсена плоча.