главно | прил.

На прво место; првенствено, обично, важно. Главно е да ја почнеш работата.

главоболка | ж.

Болка во главата. Ужасната главоболка ја тераше на повраќање.

главонози | м.

Морски мекотели со краци што им служат за фаќање плен и сл.; Cephalopoda.

главосек | м.

Човек што сече глави; крвник, џелат. Не сакав да станам главосек и тиранин.

главуч | м.

(пејор.) Човек со голема глава. Го викавме главуч зашто имаше голема глава.

глагол | м.

Вид менлив збор што означува дејство или состојба: оди; спие; пее; тагува и сл.