гласник | м.

Известувач, пренесувач на гласови, на вести. Преку гласник било известено дека жена му родила две дечиња.

гласноговорник | м.

Човек што е задолжен да изнесува нечии ставови; застапник. Тој е гласноговорник на сиромасите.

гласовен | прид.

Што е составен од гласови, што се однесува на гласови. Гласовен систем. Гласовни можности.

гласовит | прид.

Што има силен глас. Зборуваше силно зашто беше гласовит.

гледа | несв.

Насочува поглед кон некого или кон нешто. Таа со раширени очи гледаше во девојката што лежеше.

гледалиште | ср.

Простор во театар, во опера и сл. предвиден за публика. Спроти бината имаше гледалиште со клупи.

гледан | прид.

Што е негуван, чуван. Детето беше добро гледано.

гледач | м.

Човек што гледа некаква претстава, филм и сл., поединец од публика. Кога се појави тој со својот танец, гледачите се поттргнаа назад.

гледен | прид.

Само во изразот гледна точка;

гледиште | ср.

Определен начин на размислување, становиште, стојалиште, гледна точка. Тој понекогаш сопственото разбирање на нештата го ставаше пред гледиштето на колективот.